Катастрофа на Милан и Модриќ – Убедлив пораз од Удинезе на „Сан Сиро“ (ВИДЕО)

Милан дожиевеа тежок пораз од 0-3 од Удинезе на домашен терен во 32. коло од Серија А.

Гостите славеа со автоголот на Бартесаги и головите на Екеленкамп и Ата, продлабочувајќи ја кризата на „росонерите“ по неодамнешниот пораз во Неапол. Екипата на Макс Алегри сега е под дополнителен притисок во борбата за едно од првите четири места на табелата.

Домашните фудбалери беа исвиркани од своите навивачи на дуелот. При напуштањето на теренот во 77. минута, Рафаел Леао беше жестоко испратен од навивачите со свирежи, а тренерот Алегри го прегрна колку за утеха. Тоа беше симболичен крај на вечерта за заборав на Сан Сиро.


Се вчитува...