Фудбалерите на Баерн Минхен славеа како гости против Сент Паули со 0-5, во натпреварот од 29. коло од Бундеслигата.
Актуелните шампиони се на еден чекор од одбрана на титулата и ќе им треба уште една победа во последните пет натпревари за да го сторат тоа. Сент Паули се бори за опстанок и моментално е на 16. место на табелата со 25 бода.
Предноста за тимот на Винсент Компани ја донесе Џамал Мусиала веќе во 9. минута и тоа беше единствениот гол во првото полувреме.
Леон Горецка го зголеми водството во 53. минута, а Мајк Олисе постигна гол во 55. минута.
Николас Џексон „креира“ покер во 66. минута, а Рафаел Гереиро ја активира „петардата“ во 89. минута од натпреварот.
Баерн досега постигна 105 гола во сезоната, што е рекорд, а имаат уште пет натпревари за играње. Во следната рунда го пречекуваат Штутгарт, додека Сент Паули е домаќин на Келн во директна борба за опстанок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

