Кон што оди фудбалот!!? Дали веќе се претерува со ВАР системот!!?

Барселона го победи Еспањол со 4-1 и направи огромен чекор на патот кон шампионската титула, но повторно дебатите во јавноста се насочени кон судењето на мечот. Нереално е она што ВАР го виде како офсајд на денешниот натпревар.

Во 63. минута, Барселона го постигна третиот гол на натпреварот против Еспањол, но ВАР го поништи на помалку нереален начин.

Видео технологијата и судиите во ВАР собата одлучија дека дефанзивецот на Барса бил во офсајд, а навивачите на каталонскиот гигант останаа во неверица кога беше прикажана фотографија од контроверзната ситуација.

Единственото прашање е каде оди фудбалот со вакви офсајди!!?

Навивачите и поддржувачите на шпанскиот шампион се потсмеваат на оваа ситуација. Не можат да поверуваат дека голот е поништен.

„Да, да, офсајдот е два метра. Не можат да ни ја одземат титулата дури ни со грабеж“ – се дел од поддржувачите на каталонскиот тим.

Факт е дека ваквите ситуации дополнително ја хранат дебатата за тоа дали ВАР навистина носи повеќе правда во фудбалот или го претвори во студена, техничка игра без чувство за мерка и здрав разум.

Во идеален свет, технологијата треба да им помага на судиите, но сè повеќе таа делува како алатка што ја одзема убавината на играта и нејзината страст.

Судските организации се бранат со правила и толкувања, но прашањето за границата останува отворено. Кога линиите на екранот почнуваат да одлучуваат за милиметри што човечкото око не може ниту да ги регистрира, логично е фудбалските навивачи да почнат да чувствуваат отпор. Особено кога ваквите одлуки доаѓаат во моменти кога игрите добиваат сосема поинаков тек.

Се вчитува...