ВИДЕО: Светот одбројува – Роналдо го постигна 968 гол во кариерата!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо цврсто чекори во желбата да дојде до својот 1000-ти гол во кариерата!

Па, и светот веќе одбројува. Тој денеска, во 28. коло од првенството на Саудиска Арабија, го постигна својот 968 гол во кариерата, па сега му недостасуваат уште 32.

Роналдо стрелаше во победата на Ал Наср од 0-2 на гостувањето против Ал Окдод.

Со овие три бода Ал Наср сега има пет бода предност на лидерската позиција во однос на второпласираниот Ал Хилал.

Покрај борбата за 1000-от гол, Роналдо сезонава се бори и за своја прва титула во Саудиска Арабија.

Се вчитува...