Репрезентативецот на Гана, Мохамед Кудус се соочи со дополнителни проблеми во закрепнувањето од повредата на квадрицепсот, бидејќи неговиот клуб денес објави дека напаѓачот можеби ќе треба да се оперира, што дополнително ги намалува неговите шанси за враќање во игра пред Светското првенство.
Кудус (25) се повреди на почетокот на јануари за време на нерешениот натпревар 1:1 против Сандерленд, а првичните прогнози беа дека ќе отсуствува околу три месеци.
Клубот потврди дека имало доцнење во закрепнувањето.
„Тој се врати на тренинзи со тимот во текот на претходната недела, но сега ќе мора да се подложи на дополнителни специјалистички прегледи и евентуално операција “, се вели во соопштението на Тотенхем.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

