Манчестер Јунајтед пред неколку дена го продолжи договорот со Хари Мегваер. Англискиот репрезентативец останува на „Олд Трафорд“ до 2027 година.
Во интервју тој кажа дека ако сака Јунајтед да се бори за титулата, тогаш ќе мора добро да го засили својот состав на лето.
„Мислам дека ова лето ќе биде големо за Манчестер Јунајтед. Мислам дека треба навистина добро да се засилиме“, рече Магваер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

