Шок: Големац добива отказ во Дубаи

Раководството на Дубаи е подготвено да повлече изненадувачки потег – и да му врачи отказ на Јурица Големац од тренерската функција во оваа екипа.

Дубаи игра одлично во АБА-лигата и моментно се наоѓа на првото место, но за „грев“ на Големац му се земаат големите осцилации кога станува збор за евролигашките натпревари. Дубаи има скор од 19 победи и 18 порази, но последниот неуспех на домашниот дуел со Ефес значеше и губење на сите шанси за влез во плејин натпреварувањето.

Токму овој неуспех оставил најголема трага кај раководството на клубот, кај кое сега постои сериозен сомнеж дека хрватскиот стратег е вистинскиот за овој предводник на овој проект.

За денеска е закажан состанок по кој ќе биде позната и конечната одлука околу судбината на хрватскиот стратег, кој воедно е и прв и единствен тренер на Дубаи од самото формирање на клубот.

Се вчитува...