Јаник Синер ја продолжи серијата одлични настапи со триумф над Зверев и пласман во големото финале од Мастерс Турнирот во Монте Карло.
Италијанскиот тенисер денеска за противник ќе го има Карлос Алкараз, свесен за големиот влог – победа на Синер во ова финале ќе значи и искачување на првото место на АТП-листата. Тојс е наоѓа во одлична форма, славеше на турнирите во Мајами и во Индијан Велс, но не е тајна дека Монте Карло е турнир во кој Алкараз е фаворит, ако се земе во предвид доминацијата на Шпанецот на земјен терен.
Од друга страна, денешното финале ќе биде одличен тест за Јаник пред главниот предизвик – настапот на Ролан Гарос.
„Искрено, многу ми е мило што ќе играм финале со Карлос. Посакував во себе ваков дуел пред Ролан Гарос, за на дело да видам што е добро, а што ќе треба да поправам пред гранслем турнирот во Париз. Не е тајна дека тој трофеј го посакувам најмногу од сите за годинава, бидејќи е единствениот гранслем што се уште го немам освоено. Затоа, финалето со Алкараз во Монте Карло е исклучителнов ажно за мене“, вели Синер во пресрет на денешниот дуел.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

