Испишана е историја во германскиот фудбал откако упрвата на Унон Берлин се реши за тренерска смена, притоа именувајќи ја Марија Луиз Ета за нов предводник на стручниот штаб, со договор најмалку до крајот на оваа сезона.
Ета во ноември 2023 стана прва жена помошен тренер во Бундес-лигата, а сега ќе добие шанса и во улога на прв тренер, прв ваков случај во историјата на професионалниот германски фудбал.
„Горди сме што Ета се согласи да ја прифати оваа улога. Таа ќе биде наш тренер до крајот на сезонава“, изјави менаџинг директорот на Унион Берлин, Хорст Хелт.
Тимот од Берлин е стабилен на средината од табелата и опстанокот е речиси обезбеден, но управата сепак се реши за тренерска смена откако Унион забележа само две победи во претходните 14 средби, а вчера претрпе пораз од веќе испаднатиот Хајденхајм.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

