Арсенал делува како тим што се распаѓа, наместо како гигант што ќе ги собере преостанатите трофеи до крајот на оваа сезона. „Топчиите“ беа елиминирани од ФА Купот од второлигашот Саутемптон, а проблемите уште повеќе се продлабочија по вчерашното фијаско против Борнмут, пораз со кој Арсенал си ја искомпликува и трката за премиерлигашката титула во која до неодамна важеше за освојувач со 99% сигурност.
Виктор Ѓокереш требаше да биде решение за голгетерската криза од минатите години, но шведскиот ас не се снаоѓа најдобро во тактичките замисли на Микел Артета.
Тој постигна гол од пенал за 1-1 против Борнмут, потоа имаше и неколку неискористени полушанси, но во фокусот на јавноста се најде неговата изјава по мечот, со најсмешниот изговор по катастрофалниот меч.
„Имавме некои ОК шанси пред крајот, за жал не ги искористивме. Теренот беше малку сув и да бидеме искрени, тоа не ни помогна. Сепак, моравме подобри да си ги користиме шансите“, прокоментира Ѓокереш, предизвикувајќи бура од реакции по социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

