Ѓоковиќ ја отвори душата: Јас сум само човек, грешам…

Новак Ѓоковиќ урна бројни и бројни рекорди во светскиот тенисер, па Србинот иако резултатски е во сенка на Синер и на Алкараз, но останува на сцената како најдобар на сите времиња во историјата на „белиот спорт“.

Ѓоквиќ се појави во ново интервју, во кое по подолго време говореше на малку поинакви теми, за менталната сила што ја наоѓа во текот на целата кариера.

„Низ годините научив дека менталното и емоционалното здравје се се во животот. Ако нешто не е во ред со мене, веднаш ќе го забележите тоа на теренот. На мене се гледа како на шампион, но прифаќам дека и јас сум само човек како и сите други. Правам грешки, имам одредени слабости и тоа е сосема во ред. Да би бил силен, мораш да си дозволиш да бидеш и ранлив“, истакнува Ѓоковиќ.

Српскиот ветеран стави до знаење и дека поразите од големите ривали не го демотивираат, наспроти шпекулациите дека поради нив наскоро ќе се збогува од тенисот.

„Не мислам дека сум завршил со тенисот. Љубовта кон играта и натпреварувањето ме мотивираат. Не е секогаш се во победите, туку во вредностите што ги покажуваш“, порачува Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...