Јурица Големац од денеска повеќе не е тренер на Дубаи откако управата на евролигашот реши да ја прекине соработката со хрватскиот стратег, кој воедно и беше единствен тренер од постоењето на клубот по неговото формирање во 2023 година.
Дубаи под водство на Големац е лидер во АБА-лигата, но за „грев“ неочекувано му се земаат променливите игри во Евролигата, каде Дубаи ги загуби шансите за пласман во доигрувањето. Токму убедливиот пораз на домашен терен од Ефес пред неколку дена се покажа како пресуден фактор за Големац целосно да ја загуби поддршката од своите работодавци, кои денеска му врачија отказ иако во ноември минатата година потпишаа нов договор со него со важност до 2028.
Улогата на привремен тренер за претстојниот меч од АБА-лигата против Будуќност ќе ја извршува Јан Шентјурц, а во меѓувреме ќе се стартува со преговори со неколку кандидати во трката за нов кормилар на Дубаи.
We would like to thank Coach Jurica for his dedication, professionalism, and commitment during his time with the team.
Jan Šentjurc will step in as interim head coach for the Buducnost Voli game. pic.twitter.com/tOMr8bfNXW
— Dubai Basketball (@dubaibasket) April 12, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

