Бојан Миовски уште еднаш демонстрираше зошто заслужува поголема минутажа во тимот на Глазгов Ренџерс откако македонскиот ас донесе пресврт и голема победа од 3-6 на незгодното гостување против Фалкирк.
Бојан почна од клупата за резерви, влезе во игра на стартот од вториот дел и го предводеше големиот пресврт.
Македонскиот голгетер најпрвин стрелаше прецизно со глава за 2-4, а потоа Миовски стави и печат на големата победа, со својот втор гол за конечните 3-6.
Глазгов Ренџерс останува во трката за титулата во шкотската Премиер-лига, само еден бод заостанување зад лидерот Хартс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

