Енис Барди даде значаен придонес во новата победа на Коњаспор, откако тимот на македонскиот капитен славеше со 3-0 над „фенерџијата“ Карагумрук и Коња за првпат сезонава врза дури пет меча без пораз во турскиот шампионат.
Токму Барди беше меѓу најзаслужните за раното водство, откако по неговата асистенција Крамер стрелаше прецизно за 1-0. Неколку минути подоцна Мулека зголеми на 2-0, а конечните 3-0 во судиското продолжение ги постави Гонсалвеш.
Mакедонскиот репрезентативец остана на теренот се до 81. минута, кога беше заменет со Свандсен.
Standings provided by Sofascore
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

