Новата „деветка“ на Милан доаѓа од Челси?

Милан крена раце од амбициите за скудето за оваа натпреварувачка сезона, а клупските челници веќе кројат планови како да ја засилат екипата во летниот преоден рок.

Нападот е делот од тимот каде Милан е „најтенок“ сезонава, па јасно е зошто „росонерите“ се решени да доведат најмалку еден врвен голгетер на „Сан Сиро“. Долго се најавуваше дека тој голгетер ќе биде Душан Влаховиќ, откако Србинот се премисли и реши да остане во Јувентус, сега Милан се сврти кон останатите опции на пазарот.

А според информациите на „Кориере дело спорт“, веќе е постигнат и начелен договор за ангажман на нов врвен стрелец, и тоа од редовите на Челси. Николас Џексон би требало да биде новата „деветка“ на Милан откако италијанскиот гигант ги договори условите со самиотт фудбалер. Тој моментно е на позајмица во Баерн, но е во длабока сенка на Хари Кејн и веќе му беше ставено до знаење дека нема да биде откупен од страна на баварскиот гигант.

Челси бара над 60 милиони евра, сума што ниту еден од заинтересираните клубови не сака да ја плати. „„Росонерите“ планираат да ја искористат ситуацијата и да го доведат Џексон, на позајмица на една или на две години што би ја платиле максимум 15 милиони евра. Со оглед на фактот дека кај самиот фудбалер постои сериозен интерес за преселба во Милано, тоа ќе биде значаен адут на „росонерите“ во оваа трка.

Се вчитува...