Тотенхем падна на 18. место на табелата кое води во понизок ранг на натпреварување откако „спарси“ нов пораз (петти во последните шест кола) губејќи со 1-0 на гостувањето против Сандерленд.
Ниту најновата тренерска смена не вроди со плод, Де Зерби го наследи Игор Тудор, но италијанскиот стратег не успеа да го разбуди лондонскиот тим. Сандерленд имаше повеќе од играта, на крајот успеа и да постигне гол, и тоа со многу среќа откако ударот на Мадуеке од дваесетина метри го закачи Ван де Вен, го изненади голманот Кински и заврши во мрежата.
За проблемите на Де Зерби да бидат уште поголеми, капитенот Ромеро заработи незгодна повреда во второто полувреме, па големи се шансите дека аргентинскиот дефанзивец нема да се врати на терените до крајот на сезонава.
Кристал Палас со два гола на „резервистот“ Матета славеше на домашен терен над Њукасл со 2-1, додека дуеот меѓу Нотингем Форест и Астон Вила заврши без победник (1-1), гостите први поведоа со автоголот на Мурилјо, а Форест стигна до бод благодарение на погодокот на Нико Вилијамс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

