Јаник Синер продолжува со неверојатните партии од последните месеци откако италијанскиот тенисер славеше во големото финале на Мастерс-турниот во Монте Карло, над големиот ривал Карлос Алкараз со 2-0 во сетови.
Шпанецот важи за „експерт“ на турнирите на земјена подлога, но Синер одигра уште еден меч за паметење, го надигра големиот ривал и стигна до големата победа со која го прескокна Алкараз и се врати на врвот на АТП-листата. Воедно, Синер стана само втор тенисер во историјата (по Ѓоковиќ во 2015) што успеал да триумфира на првите три Мастер-турнири во една календарска година (Индијан Велс, Мајами и Монте Карло).
Она што е интересно, Алкараз прв стигнуваше до брејк и во двата сета, но и тоа беше попусто. Алкараз прв поведе со 0-2, но Синер експресно израмни на 2-2, а потоа во тајбрејкот славеше со 7-5. Вториот сет донесе водство на Карлос од 1-3, но следеше фуриозна серија на италијанскиот тенисер кој освои пет гејма во низа, за конечен триумф од 7-6, 6-3 и апсолутно заслужен – негов прв трофеј во Монте Карло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

