Миовски: Секогаш сум подготвен, головите даваат самодоверба

Бојан Миовски може да биде горд на себе по одличното издание на гостувањето против Фалкирк. Македонецот повторно не беше стартер, но влезе во игра на стартот од второто полувреме при резултат 2-1 за домашниот тим, па со два гола токму Миовски беше меѓу најзаслужните за големиот пресврт и победата на Глазгов Ренџерс.

Со ваквите изданија нашиот репрезентативец само покажа дека заслужува поголема минутажа од тренерот Дени Рол, а Миовски остана скромен и веднаш по денешните два погодоци.

„Како напаѓач секогаш сакаш да му помогнеш на тимот, фактот дека сега сме подобри, повоиграни значи и повеќе создадени шанси за нас, па треба само да ги претвораме во погодок. Сите во тимот знаат, јас сум секогаш подготвен да дадам се од себе. Дадов три гола на последните две средби, секако дека тие погодоци даваат самодоверба и се надевам дека ќе продолжамм во ист стил и во наредниот период“, изјави Миовски.

Се вчитува...