Челси на колена: Сити е најсилен кога е најважно

Манчестер Сити целосно се врати во трката за титулата откако „сините“ славеа на големото дерби со Челси, и тоа на гостински терен со 0-3.  По првото полувреме што заврши без посериозни шанси (еден поништен гол на Челси поради офсајд), победникот практично беше решен за петнаесетина минути во вториот дел.

Рајан Шерки беше клучниот играч на Сити, со две маестрални асистенции трасирајќи го патот до победата. Првиот погодок беше дело на О’Рајли по центаршутот на Шерки, а Французинот потоа и маестрално додаде зад противничката одбрана до Геи, кој со прецизен удар го постигна својот прв гол во дресот на овој клуб по јануарскиот трансфер од Кристал Палас.

Челси беше во нокдаун, а тимот на Гвардиола го искористи тоа, па Доку по една украдена топка од Каиседо стрелаше прецизно во мрежата на Санчез, за конечни 0-3 на „Стемфорд бриџ“.

Сити сега има шест бода помалку од Арсенал, но и меч помалку од „топчиите“, а мора да се напомене и дека во следното коло тимот на Пеп Гвардиола ќе го пречека актуелниот лидер на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...