Футсал: Македонија со три победи до главна фаза од квалификации за СП

Футсал репрезентацијата на Македонија обезбеди пласман во главната рунда од квалификациите за Светското првенство, откако со максимален учинок го заврши предквалификацискиот турнир во Литванија.

Нашите футсал репрезентативци остварија три победи во три натпревари, потврдувајќи ја фаворитската улога и квалитетот на турнирот. Во последното коло, Македонија ја совлада селекцијата на Литванија со минимални 1:0. Стрелец на победничкиот погодок беше Јанев, кој погоди во 14. минута од средбата.

Претходно, Македонија забележа убедлива победа над Турција со 6:3, како и триумф од 4:2 против Бугарија, со што го заокружи настапот со девет освоени бодови.

Се вчитува...