Де Зерби: Стравот е голем, на овие играчи не им треба тренер…

Роберто де Зерби не го криеше разочарувањето откако претрпе пораз на гостувањето против Сандереленд (1-0) на своето деби како предводник на Тотенхем.

Овој неуспех значеше и пад на 18. позиција која води во Чемпионшип-дивизијата, а италијанскиот стратег не крие дека притисокот со кој се соочуваат „спарси“ во оваа катастрофална сезона е огромен. Според него, токму тоа е причината што тимот не игра согласно потенцијалот што го поседува.

„Им се извинувам на навивачите, не заслуживме да го загубиме овој натпревар, можеби не толку добри за да заслужиме победа, но во одредени моменти немавме среќа и тоа го реши победникот. Не можам да кажам ништо лошо за моите фудбалери, даваа се од себе, покажаа став и тимски дух. Можеме да играме подобро, да, секако, но луѓето треба да разберат дека притисокот со кој се соочуваат овие млади момци е огромен. Стравот од испаѓање постои и е многу реален, сето тоа се одразува на нивните игри. Мене искрено ми е многу жал за нив бидејќи гледам дека се добри момци, не им треба да се подобруваат премногу од фудбалски аспект, но проблемот во моментов е психолошки. На нив не им треба тренер во моментов, да ги направи подобри фудбалски, им треба постар брат или татко, да им даде поддршка кога им е најтешко. Убеден сум дека ќе играме многу подобро што достигнеме едно поинакво ниво на самодоверба“, изјави Роберто де Зерби.

Тотенхем во следното коло од Премиер-лигата ќе го пречека тимот на Брајтон, меч закажан за 18 април.

Се вчитува...