Фудбалерите на Интер направија голем чекор кон освојување на титулата во домашниот шампионат откако вечерва славеа на гостувањето кај Комо со 3-4 во последниот натпревар од денешната програма од 32. коло во италијанската Серија А.
Домаќините одлично го отворија натпреварот откако поведоа со 2-0 со головите на Вале во 36. и Паз во 45. минута. Сепак, концентрацијата на избраниците на Фабрегас падна во финишот на првиот дел па Турам намали на 2-1 во втората минута од судиското надополнување. Истиот фудбалер на стартот на вториот дел во 49. минута израмни на 2-2. Целосен превсврт донесе Думфрис во 59. минута (2-3), а Холанѓанецот со својот втор гол во 72. минута зголеми на 2-4. Домаќините преку Да Куња во 88. минута од пенал само го ублажија поразот (3-4).
Como 2-[4] Inter – Denzel Dumfries 72'
byu/Meladroit10 insoccer
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

