Италијанскиот тенисер Јаник Синер од денеска го зазеде првото место на АТП листата, откако го замени Шпанецот Карлос Алкараз на таа позиција.
Синер го освои Мастерсот во Монте Карло победувајќи го Алкараз во финалето, а таа титула го врати на чело на тенискиот караван.
Италијанецот е на првото место со 13.350 поени, додека Алкараз е втор со 13.240 поени. Трет е Германецот Александар Зверев (5.555), а српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на четвртата позиција со 4.710 поени.
Феликс Оже-Алијасим напредуваше за две места и сега е петти на АТП листата, а Топ 10 го комплетираат Бен Шелтон, Алекс Деминор, Тејлор Фриц, Лоренцо Мусети и Данил Медведев.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

