Случувањата на терените во Парагвај ретко се во центарот на вниманието на фудбалската јавност, но овој пат пеналот од натпреварот Рубио Ну – Олимпија, е главна тема на социјалните мрежи.
Гостите победија со 0-2, а светот „бруи“ за нивниот втор погодок.
Олимпија доби пенал во 56. минута, а Фереира ја смести топката на белата точка со надеж дека ќе постигне втор гол.
Сепак, голманот на домашниот тим го одбрани ударот на гостинскиот фудбалер, но потоа се случи неверојатна ситуација.
Топката се одби до дефнзивецот на Рубио Ну, кој сакаше да ја исфрли, но го погоди Фереира во главата, а топката на крајот заврши во мрежата на домашниот тим за 0-2.
TIRO LIBRE, PENAL, ATAJADA Y GOL 😂
2 minutos IMPERDIBLES de Rubio Ñu vs Olimpia.pic.twitter.com/KxwIe9OEeV
— Pablo Giralt (@giraltpablo) April 13, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

