Доминик Фримпонг (20), фудбалер на Берекум Челси од Премиер лигата на Гана, беше убиен за време на напад врз клупскиот автобус.
Според извештајот на Фудбалската асоцијација на Гана (GFA), трагедијата се случила за време на враќањето на тимот од натпреварот против Самартекс. Напаѓачите отвориле оган додека возачот се обидувал да го сврти возилото за да ја избегне заседата. Еден од истрелите го погодил Фримпонг директно во главата, а фудбалерот починал во болница.
Фудбалската асоцијација на Гана издаде официјално соопштение во врска со ова злосторство.
„Со голем шок и тага ја примивме веста за смртта на Доминик Фримпонг. Овој трагичен инцидент ја потресе целата спортска заедница. Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, соиграчите и менаџментот на Берекум Челси во ова тешко време“, се вели во пораката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

