Реал Мадрид со Мбапе ќе брка чудо во Минхен

Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе ќе биде целосно подготвен за реваншот во 1/4 финалето во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, пишува „Атлетик“.

Французинот ги играше сите три последни натпревари за својот клуб, и се очекува да биде подготвен да истрча и на реваншот во Минхен, и покрај најавите дека има повреда на главата за време на мечот со Џирона.

Сепак, тој го издржал целиот тренинг во неделата, и ќе биде подготвен и да стартува на дуелот во Минхен, на кој Реал ќе брка негатива од 2-1 против Баерн, кој триумфираше во Мадрид.

Се вчитува...