Барселона е пред освојување на нова титула во шпанската Ла Лига. Тимот бега на својот најголем ривал Реал Мадрид дури девет бодови на чело на табелата, и само чудо треба да се случи трофејот да не отпатува кон „Ноу Камп“.
Меѓутоа она што ја очекува Барселона сега е „опстанување“ во Лигата на шампионите. Барса има негатива од 0-2 по првиот меч против Атлетико на свој терен, и сега на „Метрополитано“ ќе треба да ја стигнува оваа негатива.
Во меѓувреме во шпанските медиуми се појавуваат шпекулации околу тоа кој би можел да го напушти клубот по завршувањето на сезоната. Еден од тие е Роберт Левандовски, кој би можел да продолжи во Милан, додека и натаму е неизвесна и судбината на Маркус Рашфорд.
Но, еден играч сигурно си заминува од клубот откако ќе заврши сезоната. Станува збор за Марк Касадо, кој не добива шанса да игра, и затоа ќе си побара нова средина.
Касадо мина само 90 минути и одигра шест меча оваа сезона за тимот. Клубот дури не му понудил нов договор кој му истекува до 2028 година, па разделбата е неизбежна.
Пред неколку години, Флик го фалеше Касадо и го нарече еден од најдобрите играчи и дека треба да биде иднината на клубот, но до тоа не дојде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

