Реал Мадрид потпиша со 17-годишен шпански талент

Кастељон и Реал Мадрид  постигнаа договор за трансфер на 17-годишниот Фран Сантамарија во мадридскиот клуб за следната сезона.

Играчот го напушта Кастељон по цел живот поминат во клубот од неговиот роден град и после една полна со голови и покажување супериорност над неговите години, пренесува „Марка“.

На само 17 години , напаѓачот постигна 15 гола на 32 натпревари оваа сезона. Стануа збор за напаѓач висок 185 сантиметри, и од скаутите веќе наречен како еден од најголемите шпански таленти во моментов.

Можно е по пристигнувањето во Реал, најпрво да биде позајмен во некој друг клуб за да стекне искуство, па потоа во зависност од тоа како ќе се развива, повторно да стане дел од „кралевите“.

Реал по завршувањето на сезоната има право да го врати Ендрик од Лион, а исто така може за мали пари да си го врати и Нико Паз кој „блеска“ во Комо сезонава.

Се вчитува...