Фудбалерките до 19 години примија девет гола од Шкотска

Женската фудбалска репрезентација на Македонија до 19 години доживеа висок пораз од соодветната селекција на Шкотска во рамките на втората рунда од квалификациите за Европското првенство.

Домаќинките доминираа во текот на целиот натпревар, решавајќи ги дилемите уште во првото полувреме по кое имаа предност од 5-0, за на крајот да слават со убедливи 9-0.

Ова е втор пораз за избраничките на селекторот Изов во квалификациската група, по првичниот пораз од Норвешка (3-0). Нашите млади фудбалерки ќе ја бараат последната шанса за поправен впечаток во третото коло, каде за противник ја имаат репрезентацијата на Австрија.

Се вчитува...