Македонскиот ракометен интернационалец Мартин Карапалевски се најде во тимот на колото во шпанската Асобал лига, откако одигра извонреден натпревар за својот тим Ваљадолид.
Средниот бек беше вистински лидер на теренот во победата на Ваљадолид над екипата на Кангас со 29-23. Тој мечот го заврши со шест гола и со тоа беше најдобар поединец во неговиот тим.
Со оваа победа, Ваљадолид останува во сериозна борба за местата кои водат во европските купови следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

