Руни: Сити е во многу подобра позиција од Арсенал

Познатиот англиски фудбалер Вејн Руни верува дека Манчестер сити има поголеми шанси од Арсенал за титулата во Премиерлигата.

„Граѓаните“ се вратија во трката, но сепак имаат шест бода помалку, со натпревар помалку од големиот ривал.

„Мислам дека Сити ќе има предност, само поради менаџерот и играчите што ги имаат. Ќе можат да останат малку помирни од играчите на Арсенал. Ќе бидат загрижени затоа што кога имате серија порази, почнувате да размислувате „каде е следниот гол, каде е следната победа?“. Тој негативен начин на размислување навистина влијае на вашите перформанси“, рече Руни.

Се вчитува...