Џон Тери е дел од конзорциум кој планира да го преземе Колчестер Јунајтед, член на четвртото ниво на англискиот фудбал, објавуваат британските медиуми. Поранешниот капитен на Англија и Челси наводно е вклучен во договор вреден 14 милиони фунти за купување на Колчестер, кој моментално е 13. во Лига Два.
Весникот „Сан“ објави дека Тери, кој работи во младинската академија на Челси по тренерските обврски во Астон Вила и Лестер, ќе има „значајно влијание“ врз спортскиот сектор на клубот од Есекс.
Колчестер е на продажба од септември, а сопственикот и претседател на клубот, Роби Каулинг, изјави дека „сака да го остави управувањето на новата генерација“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

