Крај на санкциите: Руските спортисти се враќаат на светската сцена

Светската пливачка федерација е првата што направи потег, а се очекуваат и други големи светски организации меѓу кои и ИОК тотално да ги тргнат санкциите за руските спортисти.

„Пливачите од Русија и Белорусија повторно можат да се натпреваруваат на турнири организирани од Светската пливачка федерација под нивните национални симболи, знаме, опрема и химна“.

Светската пливачка федерација одлучи да ги укине ограничувањата што беа воведени по почетокот на војната во Украина во 2022 година. Во официјалното соопштение се наведува дека сениорите со руско и белоруско државјанство ќе можат да учествуваат на натпревари под исти услови како и другите држави.

 

Се вчитува...