Енрике: Само да не паднеме во „стапицата“ на „Енфилд“

ПСЖ со импресивна игра стигна до победа од 2-0 на првиот дуел од четвртфиналето од Лигата на Шампионите против Ливерпул, европскиот првак можеше да слави и уште поубедливо, но токму таа супериорност на првиот меч е причина за загриженост на тренерот Луис Енрике – да не дојде до опуштање кај неговиот тим на утрешниот реванш.

На „Енфилд роуд“ низ годините се случуваше и уште поголеми чуда, свесен за тоа е и Енрике, кој гласно ги предупредува фудбалерите на ПСЖ пред следниот натпревар.

„Мислам дека оваа победа од 2-0 е опасна за нас. Одигравме многу добар прв дуел, бевме супериорни и сега сите очекуваат рутински да ја одработиме задачата на реваншот. Тоа е многу опасно, „стапица“ во која лесно може да паднете и никако да не излезете. Во фудбалот многу работи можат да се променат за една седмица, знаеме дека Ливерпул е опасен тим и ќе биде многу подобар на реваншот отколку на првиот натпревар, згора на тоа навивачите ќе создадат пеколна атмосфера. Се подготвуваме токму за тоа, да одговориме на притисокот на Ливерпул бидејќи се може да се промени во еден момент“, истакна Енрике.

Добра вест за ПСЖ е што Баркола е „фит“ по својата повреда и ќе биде во комбинација за настап на утрешниот реванш.

Се вчитува...