Алегри е прв фаворит за селектор на Италија

Масимилијано Алегри е главен фаворит за селектор на Италија, особено доколку за нов претседател на федерацијата биде избран Џовани Малаго.

Поранешниот претседател на Италијанскиот Олимписки Комитет е главен фаворит во претседателската трка што ќе биде решена на 22 јуни, откако 18 од 20-те прволигаши го изгласааа токму Малаго како нивни претседателски кандидат.

Доколку овие најави се реализираат, Алегри ќе биде прв „пик“ на новиот претседател кога станува збор за селекторската функција. Малаго гледа на искусниот стратег како на идеално решение за „шок-терапија“ по најновото резултатско фијаско. Алегри е под договор со Милан, но резултатите не се најдобри, па се очекува и тој самиот да притисне да добие шанса да застане на чело на националниот тим.

Се вчитува...