Шок за Манчестер: Лидс со цел плен си оди од „Олд Трафорд“

Мајкл Карик го претрпе првиот пораз на домашен терен како менаџер на Манчестер јунајтед откако „црвените ѓаволи“ вечерва беа шокирани пред своите гледачи од Лидс со 1-2.

Пресудно се покажа првото полувреме што домашниот тим го одигра катастрофално, а Лидс знаеше како да го казни тоа со двата гола на Ноа Окафор. Гостите за малку ќе поведеа и со 0-3 пред крајот на полувремето, но таков исход спречи Лисандро Мартинез со интервенција пред самата гол-линија.

Аргентинецот се претвори во трагичар откако на стартот од второто полувреме доби црвен картон поради влечење за коса на Калверт Луин. Јунајтед и со играч помалку не се предаде, па преку Кашемиро успеа да намали на 1-2. „Црвените ѓаволи“ се обидоа да стигнат и до израмнување, но обидите на Шешко и на Кашемиро не завршија во мрежата, па Карик и неговите избраници со наведнати глави го напуштија теренот.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...