Бруно како Мурињо: Ако зборувам за судиите ќе бидам во голем проблем

Манчестер јунајтед доживеа пораз од Лидс јунајтед на домашен терен од 1-2 во контроверзниот натпревар за крај на 32. рунда во Премиерлигата.

Домаќините со право  се гневни на главниот судија Пол Тирни кој му покажа црвен картон на Лисандро Лопез за минимално влечење на косата на Калверт Луин во ситуација во која Аргентинецот доби удар во лицето од фудбалерот на Лидс кој не доби ниту опомена.

По мечот капитенот на Јунајтед, Бруно Фернандеш ја повтори легендарната изјава на Жозе Мурињо.

“Ако говорам вечерва за судењето ќе бидам во големи проблеми”, изјави Фернандеш. 

Се вчитува...