ФФМ најави: Камп на Милан доаѓа во Македонија

Фудбалската федерација на Македонија го најави Милан јуниор кампот, кој ќе се одржи на тренинг центарот „Петар Милошевски“ од 10 до 14 јуни 2026 година.

Ова ќе биде одлична можност за младите фудбалери да тренираат со тренери на италијанскиот гигант и да се запознаат со нивната методологија на работа.

Што нуди кампот:
– Тренинзи според Милан методологија
– Развој на техника, дисциплина и играчка интелигенција
– Професионална и мотивирачка средина

Кампот е дел од програмите за развој на младите таленти и унапредување на младинскиот фудбал во Македонија.

Се вчитува...