Манчестер јунајтед доживеа пораз од Лидс јунајтед на домашен терен од 1-2 во контроверзниот натпревар за крај на 32. рунда во Премиерлигата.
Домаќините со право се гневни на главниот судија Пол Тирни кој му покажа црвен картон на Лисандро Лопез за минимално влечење на косата на Калверт Луин во ситуација во која Аргентинецот доби удар во лицето од фудбалерот на Лидс кој не доби ниту опомена. Исто така при едниот гол на Лидс имаше фаул од англискиот напаѓач над Лени Јоро, но тогаш не се вклучи ВАР.
„Не го започнавме натпреварот најдобро. Очигледно примивме гол кога Лени Јоро доби удар со рака во задниот дел од главата и тие го постигнаа првиот погодок. Судиите одлучија да не го поништат тој гол. Тоа беше клучен момент во мечот. Немавме потребен ритам, не ни одеше играта. Имавме некои моменти, но во најголемиот дел од првото полувреме не бевме на нивото. Но, во второто полувреме сметам дека момците, со оглед на пристапот, останаа позитивни и се бореа да извлечат нешто од натпреварот по уште една скандалозна одлука, исклучувањето на Лисандро Мартинес. Во два последовни натпревари вакви одлуки се против нас, но ова беше една од најлошите што сум ги видел“, изјави Керик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

