Нашата најдобра фудбалска судијка во женска конкуренција, интернационалката Ива Пројковска отпатува за Гетеборг бидејќи од Судиската комисија на УЕФА е одредена да биде четврти судија на мечот меѓу Шведска и Данска што се игра на 14 април.
Натпреварот се игра во рамките на европските квалификации за Светското првенство за жени, „А“ група, што ќе се одржи идната година. Главен судија на оваа средба е Ивана Мартинчиќ од Хрватска, ќе и помагаат нејзините сонароднички Маја Петравиќ и Ивона Пејиќ.
Контролор на судењето е Емилија Внук од Полска.
М.М.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

