Карлос Алкараз и Јаник Синер доминираат во светскиот тенис, еден од двајцата великани стигна до трофејот на последните 20 турнири на кои двајцата учествуваа, како доказ за новото големо ривалство.
Синер славеше на последното финале во Монте Карло со што го симна Алкараз од тронот на светскиот тенис, но изјавите на шпанскиот тенисер јасно ставаат до знаење дека покрај ривалството на теренот, двајцата имаат развиено пријателство надво од него.
„Ако славам на турнирот во Барселона ќе се вратам на првото место, мислам дека борбата за тој врв меѓу мене и Јаник е добра за целокупниот тенис. Вистина е дека имаме навистина добар однос, не е тоа нешто премногу лично, не излегуваме заедни на вечери, но односот што го имаме надвор од теренот е навистина добар. Без оглед на нашите битки на теренот, не верувам дека нашиот однос ќе се промени, тоа најдобро илустрира каква почит имаме еден кон друг. Ме радува шшто му покажуваме на светот дека е возможно, да се биде огромен ривал на теренот, да се атакува на истите трофеи, но надвор од теренот да бидеме навистина добри луѓе, коректни во меѓусебниот однос“, истакна Алкараз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

