Најавени тимови за ЛШ: Флик мора да експериментира, Слот со тинејџерот во првиот тим

Барселона тргнува во „невозможна мисија“, да се врати од два гола негатива, и тоа на гостински терен против Атлетико Мадрид, ривалот од кого каталонците беа елиминирани од Копа дел реј, а сега се соочуваат со сериозна опасност тоа да им се повтори и во Лигата на Шампионите.

Неиграњето на суспендираниот Кубарси, надополнето и со повредата на Жерар Мартин, носи сериозни проблеми во одбранбената линија. Како што најавуваат каталонските медиуми, Флик на последните тренинзи експериментираше со Кунде како централен дефанзивец крај Ерик Гарсија, додека Араухо ќе стартува како десен бек.

Јан Облак се враќа на голот на Атлетико за овој реванш, но Симеоне има проблеми со одбраната, Пубиљ е суспендиран, додека Хименез и Ханко нема да настапат поради повреди.

Ливерпул брка негатива од два гола на реваншот со ПСЖ, на кој Арне Слот е подготвен да му даде шанса од првата минута на Рио Нгумоха, суперталентираниот тинејџер кој ќе биде дел од напаѓачкото трио заедно со Салах и Екитике, помогнати од Вирц како класичен плејмејкер.

АТЛЕТИКО М. – БАРСЕЛОНА

АТЛЕТИКО: Облак, Молина, Ле Норман, Ленгле, Руџери, Љоренте, Коке, Гризман, Симеоне, Лукман, Алварез.

Отсутни: Бариос, Ханко, Хименез, Пубиљ.

БАРСЕЛОНА: Жоан Гарсија, Кунде, Араухо, Гарсија, Кансело, Де Јонг, Педри, Фермин Лопез, Рашфорд, Јамал, Левандовски.

Отсутни: Рафиња, Кубарси, Кристенсен, Бернал.

ЛИВЕРПУЛ – ПСЖ

ЛИВЕРПУЛ: Мамардашвили, Фримпонг, Конате, Ван Дајк Керкез, Мекалистер, Собослаи, Вирц, Салах, Нгумоха, Екитике.

Отсутни: Ендо, Бредли, Алисон Бекер.

ПСЖ: Сафонов, Хакими, Маркињос, Пачо, Мендеш, Заир – Емери, Витиња, Жоао Невеш, Дуе, Кварацхелија, Дембеле.

Отсутни: Фабијан Руиз.

Се вчитува...