Конте го брише Лукаку од тимот на Наполи

Ромелу Лукаку ги налути сите во Наполи со своето однесување за време на репрезентативната пауза, кога голгетерот замина за Белгија и потоа инсистираше во татковината и да продолжи да се опоравува од повредата, додека лекарскиот тим на „наполитанците“ тврдеше дека тој е здрав за игра.

Лукаку на крајот попушти и под закани за сериозни финансиски санкции се врати назад во Неапол, но „наполитанците“ немаат намера да му го простат таквото непрофесионално однесување.

Управата веќе изрекла финансиска казна поради прекршување на неколку точки од клупскиот правилник, додека тренерот Конте е видно разочаран – и веќе ставил до знаење дека Лукаку нема да игра повеќе за „сино-белите“. Тој ќе тренира изолирано и нема да биде дел од тимот на крајот од сезоната, по што летово ќе биде сигурно продаден.

Се вчитува...