Арсими дојде до нова огромна победа, славејќи со 1-0 над Пелистер со што овој тим и дефинитивно се одлепи од ривалите обезбедувајќи сигурен опстанок во прволигашката конкуренција..
Битолчани во претходните две рунди ја совладаа Шкендија, ремизираа со Вардар и полни со самодоверба влегоа во денешниот натпревар. Сепак, „пелистерци“ немаа одговор за цврстиот противник кој во 44. минута успеа да постигне погодок преку Дардишта, а потоа во вториот дел да ја задржи минималната предност.
Битолскиот прволигаш по овој пораз го очекува жестока борба за да се задржи на деветтото место кое значи и бараж за опстанок, ако се знае дека сезонава три екипи испаѓаат од елитното друштво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

