Кадетската репрезентација на Македонија славеше со убедливи 28-20 над Грција, во рамките од четвртото коло од Медитеранското првенство што се одржува во Словачка.
Темпото на натпревари е исклучително тешко за нашите млади ракометари кои одиграа четири меча за помалку од два дена, но тоа не им пречеше да ја оправдаат фаворитската улога против Грција и да стигнат до убедлива победа.
Согласно правилата, средбите на ова првенство се играат во три третини од по 15 минути, при што се добива по еден бод за секоја добиена третина (или по 0,5 ако е реми), и уште два за победа. Грците се покажаа како незгоден ривал само во првиот и во вториот период што завршија со идентични 9-9. Третиот период затоа мина во апсолутна доминација на македонските кадети, кои го добија овој дел од мечот со 10-2 и стигнаа до заслужен триумф.
Македонските ракометари утре ќе имаат дел за одмор, потоа им следат дуели со Косово и со Романија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

