Погребан Душко Вујошевиќ: Бројни спортски асови од Србија и регионот се збогуваа од легендарниот тренер (ФОТО)

Легендарниот кошаркарски тренер Душко Вујошевиќ денеска погребан на Новите гробишта во Алејата на заслужните граѓани во Белград.

На погребот присуствуваа голем број луѓе од светот на спортот, музиката, политиката и уметноста од Србија, но и од целиот регион.

Пред погребот, во Градското собрание се одржа комеморација, на која присуствуваа и голем број луѓе.

Душко Вујошевиќ почина на 67-годишна возраст по долго боледување.

Најголемиот белег во својата тренерска кариера го остави во Партизан, со кој освои половина од сите трофеи во историјата на црно-белиот тим.

На погребот присуствуваа и многу луѓе од светот на спортот и јавните личности: потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ, Расим Љајиќ, Жељко Обрадовиќ, Александар Ѓорѓевиќ, Жарко Паспаљ, Жарко Зечевиќ, Владимир Кужиќ, Предраг Мијатовиќ, Предраг Даниловиќ, Млаѓан Шилобад, Мирослав Бериќ, Владимир Драгутиновиќ,  Драган Луковски…

А, беа присутни и Зоран Славниќ, Мишко Мариќ, Зоран Стевановиќ, Иво Накиќ, Славко Вранеш, Новица Велиќковиќ, Миленко Тепиќ, Саша Павловиќ, Филип Петрушев.

На погребот на познатиот тренер на Партизан беа присутни и Ѓуро Остојиќ,  Миленко Топиќ, Владе Џуровиќ, Срѓан Благојевиќ, Данко Лазовиќ, Мишко Ражнатовиќ, Душан Кецман, Жофри Ловерњ, Џанан Муса, Петар Шкулетиќ, актерите Драган и Алексеј Бјелогрлиќ, фронтмен на Неверне бебе Милан Ѓурѓевиќ, актуелните кошаркари на  Партизан, предводени од Карлик Џонс, како и навивачи на Партизан.

Се вчитува...