Женската селекција доби „петарда“ од Унгарија на квалификацискиот меч во Битола

Македонската женска репрезентација доживеа убедлив пораз од 0-5, од Унгарија во третиот натпревар од Групата 3 во Лигата Ц од квалификациите за Европското првенство.

На дуелот кој се одигра во Битола, Унгарките победата ја најавија со три брзи гола уште во првите 20 минути од средбата.

Со головите на Папаи и два на Чајни, Унгарија до 20. минута веќе имаше водство од 0-3.

Саванја во 45. минута погоди и за 0-4, а во 88. минута заокружија на 0-5.

По три одиграни натпревари, Македонија е на третата позиција во групата со 3 бода и гол разлика од 3-7. На врвот е Унгарија со 7 бода, пред Азербејџан со 3 бода, но и натпревар помалку од Македонија. Четврта е Андора со еден освен бод од два меча.

Се вчитува...