Изненадување претставува изборот на играчи на Ханси Флик пред вечерашната пресметка на Барселона против Атлетико во Мадрид. И покрај тоа што треба да брка резултат, сепак, тренерот на Барса се одлучи да настапи без класичен шпиц.
Согласно најавите, Олмо би требало да биде најистурен, а позади него Рафиња, Јамал и Фермин Лопез. Атлетико, пак, во нападот со добро проверен тандем Алварез – Гризман ќе ја нападне Барселона, но многу поважно е како Атлети ќе одиграат во одбрана. По првиот меч, Атлетико има предност од 2-0.

Ливерпул, пак, ќе стартува со Исак и Екитике во офанзива по добар резултат против ПСЖ. На „Енфилд“, тимот од Париз носи предност од два гола стекната на првиот меч. ПСЖ, пак, стандарно со Дембеле, Дуе и Каварцхелија ќе се обиде рано да постигне гол и да го запечати пласманот во следната фаза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

