Интер Мајами остана без тренер, откако Аргентинецот Хавиер Маскерано се одлучи да поднесе оставка од функцијата. Како што образложи Маскерано, оставката ја поднесува од лични причини.
Во својата прва сезона како тренер, Маскерано го предводеше Интер Мајами до една од најуспешните сезони во историјата на клубот, освојувајќи два големи трофеи, односно прва титула на клубот во МЛС Купот, заедно со шампионатот во Источната конференција.
„Од лични причини, решив да го завршам мојот мандат како главен тренер на Интер Мајами. Прво и најважно, би сакал да им се заблагодарам на клубот за довербата што ми ја укажаа, на секој вработен кој е дел од организацијата за колективниот напор, но особено на играчите, кои ни овозможија да доживееме незаборавни моменти. Исто така, сакам да им се заблагодарам на навивачите“, рече Маскерано.
Под водство на Маскерано, Интер Мајами оствари рекордна сезона 2025, постигнувајќи вкупно 101 гол во регуларната сезона и плејофот, најмногу во една сезона во историјата на МЛС, вклучувајќи го и рекордниот број од 20 гола во плејофот, додека се натпреваруваше во невидени 58 натпревари во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

