Барселона ја анулираше предноста од два гола на Атлетико за само 24 минути на реваншот од 1/4 финалето во Лигата на шампионите. Дури беше блиску и до трет гол, но откако не успеа да погоди, Атлетико се врати, па така на пауза се оди со 1-2, и домашните со овој резултат одат во следнат афаза.
„Каталонците“ почнаа фуриозно, па уште во 4. минута Јамал успеа да погоди по грешката на Ленгле. Претходно истиот фудбалер во 30-тата секунда имаше прилика, но Мусо одбрани.
Во 24. минута веќе беше 0-2. Феран Торес најдобро се снајде по додавање на Олмо, и го совлада Мусо. Во 26. минута огромна шанса за Барселона. Фермин Лопез беше сам пред голот на Атлетико, со глава се обиде, но Мусо одлично одбрани, а притоа го закачи Лопез, кој заработи тешка повреда, и мечот беше во прекин, но играчот на Барселона го продолжи мечот.
Атлетико се врати во 31. минута откако по еден противнапад, Симеоне сервираше одлична топка до Лукман, кој успеа да го совлада Гарсија и да намали.
На „Енфилд“ нема голови. Ливерпул имаше добри две шанси да дојде до гол и не ги искористи. Мечот е во сенка на повредите во двете екипи. Кај Ливерпул се повреди Екитике, а кај ПСЖ Нуно Мендеш, по што и двајцата мораа да бидат заменети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

